Убиената кандидатка за градоначалник/Фото: Икс

ВИДЕО | Мексико: Кандидатка за градоначалник брутално убиена среде митинг во Веракруз

Уште едно политичко убиство го потресе Мексико откако вечерта во недела кандидатката за градоначалник на партијата Морена во Техистепепек, држава Веракруз, Јесенија Лара Гутиерез е застрелана пред граѓаните.

Убиството се случило за време на предизборен митинг, додека биле вклучени неколку камери на мобилни телефони. Кандидатката ги поздрави граѓаните во општината, учествувајќи во поворка со знамиња, слогани и свирење со труби. Сепак, владееше хаос кога се слушнаа повеќе од 15 рафали од огнено оружје. Точниот момент на нападот е забележан на разни видеа кои веќе циркулираат на социјалните мрежи.

Јесенија Лара починала веднаш, заедно со уште три лица, според локалните медиуми. Две повредени лица биле итно префрлени во болница.

Убиството на Јесенија Лара е второ за неколку дена против кандидат на владејачката партија. На 29 април, еден кандидат беше убиен во општинската заедница Коксихуи.

Локалниот обвинител започна истрага за убиството, додека властите се повикани да ги идентификуваат и уапсат сторителите. Во исто време, постои голема загриженост пред федералните избори во 2025 година во земјата, во време кога таргетирањето на политичките кандидати е континуирано.

Минатата година, Мексико забележа тажен рекорд на жртви на политичко криминално насилство. Организацијата за човекови права „Дата Цивика“ регистрираше 661 напад врз поединци и објекти. Многу од жртвите биле на позиции во локалната власт или пак кандидати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот