Верижен судир на возила на автопат во Мичиген/Фото: Скриншот

ВИДЕО | Мега карамбол на автопат во Мичиген – верижен судир на над 100 возила

На заледен автопат поради обилните снежни врнежи во Мичиген вчера е случи судир во кој учествуваа повеќе од 100 возила, пренесува Њујорк пост.

Масивниот судир ја натера државната полиција на Мичиген да ги затвори двата правци на автопатот 196 во понеделник наутро, додека властите работеа на отстранување на возилата, вклучувајќи повеќе од 30 камиони со полуприколка.

Според властите, во верижниот судир на автопатот имало неколку повредени, но не се пријавени смртни случаи.

Еден возач опиша како едвај можел да ги види автомобилите пред него додека снегот паѓал по патот додека возел со 40 км/ч пред неговиот пикап да застане покрај патот.

„Беше малку страшно да се чуе сето тоа, тресокот и звуците зад мене. Видов што беше пред мене. Не можев навистина да видам што беше зад мене“, додаде тој.

Се забележува дека Националната метеоролошка служба на САД издаде предупредување за екстремно ниски температури или можни зимски бури во неколку држави, од северна Минесота до Висконсин, Индијана, Охајо, Пенсилванија и Њујорк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот