Фото: Profimedia

ВИДЕО | Мебел, сребро, керамика, накит: Kолекција на банкарската династија Ротшилд продадена за повеќе од 62,6 милиони долари

Голем број уметнички дела, мебел, сребро, керамика и накит, кои долго време беа дел од приватната колекција на банкарската династија Ротшилд, се продадени за повеќе од 62,6 милиони долари на неколку аукции во аукциската куќа „Кристи“ во Њујорк, САД.

Оваа продажба ја означи првата голема аукција во Северна Америка на дел од француската филијала на старото банкарско семејство, забележува „Си-ен-ен“.

Повеќето предмети биле купени во 19. век од баронот Џејмс Мајер де Ротшилд, неговата сопруга Бети и нивниот син Алфонсо и оттогаш биле во сопственост на нивните наследници.

Колекцијата вклучува повеќе уметнички дела купени од семејството, меѓу кои и сликата „Млада жена држи зајак со момче на прозорец“ на холандскиот сликар Герит Дау, која датира од 17. век и е продадена за повеќе од 7 милиони долари.

Меѓу најстарите предмети понудени на продажба бил портретот на римскиот император Клавдиј од првиот век од нашата ера, кој достигна цена од речиси 116.000 долари. Интересно е што портретот последен пат бил продаден на аукција на „Кристи“ во 1899 година, кога беше продаден за 3.750 фунти (околу 395.000 фунти или 496.000 долари, во денешни пари), непосредно пред да стане дел од колекцијата на Ротшилд.

„Ова се работи што се чуваат настрана од крајот на 19. век. И ако не ја знаевте оваа конкретна гранка на семејството, немаше да ги видите. Тоа не е тип на работи со кои обично си играме во Њујорк. Поголема е веројатноста да видите ваков вид продажба во Европа“, рече Џонатан Рандел, потпретседател на „Кристи“, во телефонско интервју пред почетокот на аукцијата.

Фото: akg-images / akg-images / Profimedia

Членовите на францускиот огранок на семејството Ротшилд, кои потекнуваат од Џејмс Мајер де Ротшилд, биле особено заинтересирани да продаваат во Њујорк, потенцираа од „Кристи“.

Оваа конкретна гранка на семејството живеела во САД за време на Втората светска војна, рече Рендел, додавајќи дека очекува колекцијата „да помине добро, каде и да е поставена“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот