ВИДЕО: Маж со џип „покоси“ десетина полицајци, наводно заспал зад волан

Несреќа во Лос Анџелес/ Фото: Frederic J. BROWN / AFP / Profimedia

Млад човек со својот џип удрил во десетици полицајци од округот Лос Анџелес, јавија американските медиуми. Од полицијата соопштија дека тој е уапсен за обид за убиство.

22-годишниот Николас Џозеф Гутиерез, жител на Дајмонд Бар, е обвинет за обид за убиство на полицајци, но се очекува обвинението да се прошири.

Според шерифот на округот Лос Анџелес, Алекс Вилануева , истражителите имаат основано сомневање врз основа на доказите дека инцидентот бил намерен и дека 22-годишниот возач едноставно не ја изгубил контролата над возилото.

Во исто време, видео снимки од безбедносните камери го покажуваат моментот кога возилото удира во групата полицајци.

Групата полицајци, главно нови регрути во канцеларијата на шерифот на округот Лос Анџелес, биле на утринско трчање кога мажот, кој патувал од спротивна насока, удрил во нив. Повредени се 25 полицајци, од кои петмина се во критична состојба.

 

Потврдено е дека возачот, кој е уапсен на лице место, не бил под дејство на алкохол, објасни Вилануева. Сепак, според полициски извори кои разговарале за Лос Анџелес Тајмс, тој им рекол на полицајците дека „заспал“ на воланот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот