ВИДЕО: Матурант качен на кров од автомобил му покажува среден прст на полицаец

Фото: Принтскрин

Видео од матурант кој е качен на кров од автомобил и му покажува среден прст на полицаец, предизвика низа реакции на социјалните мрежи.

Момчето кое слави матура во близина на хотелот „Александар Палас“ се однесува недолично додека полицаецот се обидува да воведе ред и мир.

Од МВР соопштија дека е утврден идентитетот и оти момчето ќе биде повикано на разговор во полициска станица.

За лицето кое недолично се однесува на јавно место, утврден е идентитетот и од страна на полициски службеници од ЕВР Карпош, ќе биде повикан во Полициска станува Карпош и против него ќе се поднесат соодветни прекршочни пријави, велат од Министерството.

„Првенец на генерација, затоа ваква емоција“, „Иднината на Македонија“… се дел од коментарите на видеото објавено на социјалните мрежи. Коментарите што измамија најмногу реакции беа „Си мислиш за астронаут заврши тој едвај средно со 300 пријатели“ и „Во наше време, ваквите во лудница ги носеа“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот