ВИДЕО | „Манескин“ шокираа, а „Ем-ти-ви“ цензурираа: Дамиано го покажа задникот, а Викторија „случајно“ градите

EPA-EFE/JASON SZENES

Овогодинешното доделување на „Ем-ти-ви“ наградите беше обележано со бројни ексцентрични изведби на популарни музичари. Она што особено остави впечаток на бројната публика беа голиот задник на Дамиано Давид, фронтменот на групата „Манескин“, како и голите гради на Викторија де Ангелис, басистката на бендот.


Италијанскиот бенд „Манескин“ победи на минатогодишната Евровизија, кога целосно ја изненади публиката со пристапот кон музиката, песната и сценскиот настап. По Евровизија стекнаа огромна популарност ширум светот и продолжија да го негуваат својот стил.

На последната изведба од серијата за време на нивната изведба на „Супермодел“, басистката на бендот Викторија де Ангелис имаше проблем со костимот. Имено, на почекот на нивниот настап на сцената, басистката се соочи со проблем со горниот дел од костимот кој очигледно не бил соодветно прицврстен по што и ги откри градите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Måneskin (@maneskinofficial)


Викторија се понесе од атмосферата кога и се придружија танчерите, по што ја доживеа оваа непријатност која откри премногу. Сепак, младата музичарка остана професионална и продолжи да свири до крајот на самиот настап .

„Ем-Ти-Ви“ реши да го цензурира овој дел, па наместо Викторија снимаше кон публиката во салата и празните седишта, а тоа не им се допадна на гледачите.

„Ем-Ти-Ви“, не изневери. Избравте да не го прикажувате настапот! Наместо тоа, постојано покажувавте празни седишта! Па што е со вас?! Им го уништивте настапот. На „Манескин“ им должите извинување”, гласи еден од многуте коментари на Твитер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Måneskin (@maneskinofficial)

Покрај Викторија, публиката беше изненадена и од фронтменот на бендот, Дамијано Дајвид кој на сцената се појави во костим кој му го откри голиот задник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот