Манчестер Сити Фото: EPA/TIM KEETON

ВИДЕО | Манчестер сити го победи Брентфорд и остана во трката за титулата

Манчестер сити запиша убедлива победа од 3-0 против Брентфорд и остана во трката за шампионската титула во Премиер лигата, продолжувајќи да врши притисок врз лидерот Арсенал.

Гостите од Брентфорд долго време успешно му парираа на актуелниот шампион и речиси еден час ја одржуваа резултатската неизвесност. Сепак, отпорот беше скршен во 60. минута кога Жереми Доку ја затресе мрежата за водство на „граѓаните“ од 1-0.

По отворањето на резултатот, избраниците на Пеп Гвардиола заиграа далеку посигурно и создадоа повеќе простор во нападот, што донесе и втор погодок. Ерлинг Халанд во 75. минута зголеми на 2-0 и практично го реши победникот.

Во судиското продолжение Мармуш стави точка на натпреварот, поставувајќи ги конечните 3-0.

По 35 одиграни кола, Арсенал и натаму е на врвот со два бода предност во однос на Манчестер Сити, а има и подобра гол-разлика за еден погодок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот