Фото: EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

ВИДЕО | Кралски живот во гумени чизми: Ќерката на принцот Хари и Меган Маркл ужива во „Кокошарникот на Арчи“

Новото видео кое Меган Маркл го објави на својот Инстаграм започнува со кадар во кој има две кокошки, а потоа во него се гледа малата Лилибет, која се наведнува за да погали една од нив. Малата принцеза за посетата на кокошарникот носи гумени чизми и виолетово палтенце, а нејзината црвена коса, наследена од татко ѝ, паѓа преку нејзините раменици додека се наведнува.

Симпатичното видео е снимено во нивниот дом во Монтесито, Калифорнија. Војводата и војвотката од Сасекс во својот двор имаат кокошарник со прекар „Кокошарникот на Арчи“, именуван по нивниот син, принцот Арчи (6). Хари (41) и Меган го купија имотот во 2020 година, откако се повлекоа од кралските должности, а нивната ќерка е родена во Калифорнија во 2021 година.

Дом од соништата

Светот првпат го виде кокошарникот за време на славното интервју со Опра Винфри во 2021 година. Тогаш беше забележан натписот дека „пансионот“ за птици е основан истата година, а таму живеат кокошки спасени од комерцијални фарми.

„Едноставно обожавам да спасувам животни“, изјави тогаш Меган.

Истиот ден, таа сподели и видео во кое реди цвеќе во дворот на нивниот дом, додека зад камерата се слуша принцот Хари како ѝ дава комплименти. По деталниот приказ на букетот, во друго видео можевме да ја видиме како бере прекрасно цвеќе.

Меган и претходно зборуваше за својата страст кон аранжирањето цвеќе, откривајќи дека тоа ѝ станало омилена активност во Њујорк во 2019 година, додека беше бремена со Арчи.

„Многу научив додека бев бремена со мојот син. Пријателките ми организираа забава, а една од активностите беше токму аранжирање цвеќе. Почнав да наоѓам мир во тоа, па кога имам малку слободно време навечер едноставно го правам тоа. Уживам со чаша вино“, изјави Меган, додавајќи дека секогаш пушта и музика за релаксација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот