ВИДЕО: Македонија води 1:0 против Англија, Барди ја затресе мрежата на Пикфорд

фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

По првото полувреме македонската фудбалска А репрезентација на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје води против Англија со 1:0 во квалификациите за ЕП 2024.

Англичаните беа тие кои повеќе доминираа на теренот, повеќе кружеа околу голот на Столе Димитриевски, но беа запрени сите налети.

Играчите на Благоја Милевски тешко ја исфрлуваа опасноста, тешко се префрлуваа на половината на Англичаните.

Во 41 минута Миовски имаше дуел со Луис кој невнимателно реагираше и со раката удри во лицето на напаѓачот на Абердин.

После ВАР снимката словачкиот судија покажа на белата точка, Барди ја презема одговорноста.

Неговиот удар беше одбранат од Пикфорд, но за момент бидејќи Барди одбиената топка ја испрати во противничката мрежа за водство на Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот