ВИДЕО: Македонија има една победа во досегашните мечеви против Финска

Финска има подобар меѓусебен скор против Македонија/фото: EPA/SEPPO SIRKKA

Денеска од 18.00 часот македонската А репрезентација ќе го игра пријателскиот натпревар против Финска на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје.

Влезниците за овој контролен меч преку МК Тикетс се продаваат по цена од 150. денари за северната трибина,150. денари за јужна трибина (блокови 1, 2, 5 и 6) и 200. денари за централните блокови 3. и 4. од јужната трибина на Националната арена.

Продажбата на билети за претстојните натпревари ќе се организира исклучиво со физичко присуство на купувачите. Електронска (он-лајн) продажба на билети нема поради технички причини (нефункционалност на читачите за билети на Националната арена).

Македонија до сега има одиграно пет натпревари против Финска, само една победа на пријателски натпревар на 17 април со 1:0.

Пријателска 10 јануари 2002 Финска – Македонија 3:0
Пријателска 17 април 2002 Македонија – Финска 1:0
Квалификации за СП 2006 17 авгусг 2005 Македонија – Финска 0:3
Квалификации за СП 7 септември 2005 Финска – Македонија 5:1
Пријателска 23 март 2018 Финска – Македонија 0:0

Потсетување дека избраците на селекторот Благоја Милевски на 20 ноември ќе има уште еден тест во главниот град против селекцијата на Азербејџан од 14.00 часот.

Финска и Азербејџан како генерална проба пред квалификациите за Европското првенство

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот