Финска и Азербејџан како генерална проба пред квалификациите за Европското првенство

Фото: ФФМ

Пред утрешниот натпревар денес прес-конференција одржа селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија Благоја Милевски. Милевски и пред овој пријателски натпревар се соочи со многу проблеми во составот поради повреди. На прес-конференцијата присуствуваше и капитенот Стефан Ристовски.

Овие два натпревари за Македонија се генерална проба пред квалификациите за Европското првенство кои стартуваат во март. Милевски очекува натпреварите да ни покажат во која насока треба да оди репрезентацијата.

„Натпреварите во Лигата на Нации се зад нас сега се актуелни пријателските натпревари против Финска и Азербејџан, тие за нас генерална проба за квалификациските натпревари во март. Ќе пробаме различни варијанти за сето она што не очекува идната година. Токму затоа инсистирав да имаме квалитетни противници, Финска е супер тим и се наоѓа во вториот шешир. Точно ќе ни даде насока и правец дали би требало да се смени нешто или да се задржи пред предизвиците во групната фаза. Имаме квалитетна група и потребни ни се натпревари со квалитетни противници“, изјави Милевски.

Фудбалерите се изморени, одиграа многу натпревари, меѓутоа капитенот Ристовски порача дека кога се игра за репрезентацијата не може да има алиби.

„Изморени се, посебно јас затоа што со Динамо имав многу натпревари. Сепак, на некои играчи кои имаат слаба минуатажа овие натпревари добро ќе им дојдат. Не можеме да бараме алиби затоа што репрезентацијата е светост и сите сонуваат да го носат овој дрес. Двата натпревари кои ни следуваат ќе ги одработиме најпрофесионално. На секој играч кога игра приоритет е да се победи, не познавам некој играч кој не сака да игра. Низ вакви натпревари може да се подигне самодовербата која лесно може да се изгуби, а потешко се крева“, изјави капитенот.

Натпреварот со Финска Македонија го игра утре од 18:00 часот, а три дена подоцна не очекува натпревар против Азербејџан исто така дома од 20:00 часот. Билетите за натпреварите се пуштеи во продажба по цена од 150 и 200 денари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот