Џенифер Лопез мајка - Фото: Profimedia

ВИДЕО | Мајката на Џенфер Лопез ја воодушеви јавноста: Сега е јасно од кого пејачката го наследила талентот за танцување

Мајката на Џенифер Лопез го привлече вниманието на јавноста за време на концертот на ќерка ѝ во Лас Вегас, кога за време на изведбата на хитот „Get Right“ заигра меѓу публиката со насмевка на лицето.

Ако некогаш сте се прашувале од кого Џенифер Лопез ја наследила енергијата, но и младешкиот изглед, сега е јасно како ден. На социјалните мрежи кружи снимка од нејзината 80-годишна мајка, Гвадалупе Родригез.

Во моментот кога Џеј Ло го запеа својот хит „Get Right“, Гвадалупе повеќе не можеше мирно да седи и да гледа. Ритамот ја понесе, па таа заигра меѓу публиката со насмевка на лицето, а нејзината енергија не можеше да помине незабележано.

Оние што седеа во нејзина близина веднаш ги извадија мобилните телефони за да го снимаат одличното расположение на Гвадалупе.

@mjjsource20 Jennifer Lopez’s mother is dancing 80 looks young on J.Lo’s mom #jenniferlopez #concert #selenagomez #mariahcarey #jlo #рекомендации #love #музыка #music #hollywood #рекомендации ♬ оригинальный звук – mjjsource

Иако денес мајката и ќерката се исклучително поврзани и речиси нераздвојни, во детството, како што откри самата Џенифер Лопез, тоа не било така. Во својот документарец „The Greatest Love Story Ever“, Џенифер призна дека во детството не добивала доволно емоционална поддршка, поради што развила силна потреба да се докаже и да ја стекне довербата на своите родители, Гвадалупе Родригез и Дејвид Лопез.

Таа тогаш ја опишала својата мајка како нарцисоидна, додека татка си го нарекла емоционално недостапен, бидејќи работел ноќе, а дење спиел.

На проблематичниот однос со мајка ѝ се осврна и во документарец од 2022 година, кога изјави:

„Мајка ми е многу комплицирана жена и носи многу товар. Сакаше да бидеме самостојни и никогаш да не зависиме од маж. Го правеше она што мораше за да преживее, што ја направи силна, но и многу строга, па нè тепаше“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот