Лукровски прогласи победа во Карпош / Фото: Фејсбук

ВИДЕО | Лукровски прогласи победа во Карпош: Ова не е победа на една партија, ова е победа на сите што сакаат промени

Кандидатот за градоначалник на општина Карпош од ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукроски, на својот Фејсбук профил прогласи победа во вториот круг од локалните избори. Според резултатите од Државната изборна комисија, Лукроски, кандидат на коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, освои 47,52% од гласовите (12.468), додека неговиот противкандидат Стевчо Јакимовски од коалицијата „Искуство за успех“ освои 42,64% (11.188 гласа).

-Драги мои карпошани, вечерва зборувам со срце полно гордост и благодарност. Не се борев за функција, туку за доверба. Денес не победувам јас, победува Карпош – напиша Лукроски.

Во своето обраќање тој најави ново време на „ред, визија и работа“, дигитализација на општината, реконструкција на фасадите и лифтовите, повеќе зелени површини и нови паркинг места.

-Ова не е победа на една партија, ова е победа на сите луѓе што сакаат промени. Вечерва не славиме крај, туку нов почеток — почеток на Карпош што повторно дише со народот – порача Лукроски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот