ВИДЕО | ЛШ: Лудо реми со шест гола на „Ноу Камп“, „седмица“ на Ливерпул

Барселона - Интер/ 12 Октомври 2022/фото: EPA-EFE/Alejandro Garcia

Вечерва се одиграа преостанатите натпревари во Лигата на шампионите, а дербито со играше на „Ноу Камп“ каде што гостуваше  Интер.

После победата на Интер во Милано денес на „Ноу Камп“ беше 3:3. Натпреварот не започна лошо се создаваше прилики пред голот на Онана, а првата посериозна прилика ја имаше Интер преку Џеко кога беше погодена пречката.

Барселона беше таа која прва стигна до водство и тоа на пет минути пред крајот преку Дембеле. Само што започна второто полувреме после пет минути Интер го изедначи резултатот со голот на Барела. За комплетен пресврт погоди Лаутаро Мартинез во 63. минута. Левандовски се погрижи за изедначување во 82. минута, а во последните минути следуваше вистинска драма.

Интер во 89. минута одново дојде до водство од 2:3 со погодокот на Госенс, меѓутоа потоа Левандовски во судиското продолжение повторно стапи на сцена за конечни 3:3.

 

На табелата во оваа група Интер е второпласиран со седум бода, Барселона е трета со четири бода. Баерн кој денес славеше со 2:4 против Викторија Плзен веќе е осминафиналист со четири победи во четири натпревари.

Ливерпул беше убедлив и постигна седум гола против Ренџерс. Шкотскиот тим тргна добро и после 17 минути поведе со 1:0. Сепак Ливерпул во продолжение со головите на Фирмино (два), Салах (три), Нуњез и Елиот стигна до важна победа. Со оваа победа Ливерпул заедно со Наполи го обезбеди пласманот во осминафиналето.

Интересно беше во Лондон каде што Тотенхем го победи Ајнтрахт Франкфурт со 3:2. Камада во 14. минута ги доведе Германците во водство, а потоа Тотенхем со три гола во 16 минути од 20. до 36. минута направи целосен пресврт. Алиду ги постави конечните 3:2 на три минути пред истекот на регуларните 90.

Тотенхем е лидер во оваа група со шест бода, Ајнтрахт е последен со четири бода, а Марсеј и Спортинг имаат по шест бода. Марсеј до тие шест бода стигна со денешниот триумф против португалскиот гигант со 2:0.

Порто му направи проблеми на Атлетико Мадрид откако вечерва славеше на гости во Германија кај Леверкузен со 0:3.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот