Гравенберх и Екитике/Liverpool FC

ВИДЕО: Ливерпул блесна кога беше потребно и го прегази Галатасарај на „Енфилд“

Ливерпул вечерва на „Енфилд“ не остави простор за изненадување и со убедливи 4:0 го декласира Галатасарај, надоместувајќи го минималниот пораз од првиот натпревар со што си обезбеди место во четвртфиналето.

Англискиот гигант одигра фантастичен натпревар, особено во второто полувреме кога целосно го надигра противникот. Резултатот го отвори Доминик Собослаи по 25 минути игра, а во финишот на првиот дел Мохамед Салах пропушти да зголеми на 2-0 од пенал.

Во продолжението следуваше вистинска офанзива на „црвените“. Во период од само неколку минути, од 52. до 56., мрежата на гостите се тресеше трипати – стрелаа Екитике и Гравенберх, а имаше и автогол, кој подоцна беше поништен поради офсајд.

Сепак, Ливерпул не застана тука. Салах успеа да се извади за промашениот пенал со вистинско ремек-дело, поставувајќи ги конечните 4:0 и ставајќи точка на натпреварот.

Немаше изненадувања и на останатите две средби вечерва – Баерн со нова убедлива победа од 4:1 ја потврди доминацијата против Аталанта (вкупно 10:2), додека Тотенхем славеше со 3-2 против Атлетико, но поради триумфот на Шпанците од 5-2 во првиот натпревар, тие обезбедија место помеѓу најдобрите осум екипи во Европа.

ВИДЕО: Барселона со „седмица“ против Њукасл до четвртфинале во ЛШ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот