ВИДЕО: Леверкузен сигурен, Баерн со пресврт против Борусија Менхенгладбах

фото: EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Се одиграа пет натпревари од 20 коло во Бундес лигата, фудбалерите на Баерн Минхен со 3:1 триумфираа против Борусија Менхенгладбах.

Гостите поведоа во 35 минута со голот на Елведи, а домаќините израмнија непосредно пред пзауата преку Павловиќ.

Во второто полувреме Кејн донесе предност за баварскиот гигант во 70 минута, а конечниот епилог го постави де Лихт во 86 минута.

На табелата Баерн е второпласиран со 50 бодови, додека Борусија Менхенгладбах е на 13 позиција со 21.

Баер Леверкузен со головите на Телла во 33 и 52 минута славеше на гостувањето кај Дармштад.

Леверкузен е на првото место со 52 бодови, додека Дармштад после 13 пораз е на последното 18 место со 11.

Во останатите три бундеслигашки мечеви: Бохум – Аугсбург 1:1, Фрајбург – Штутгарт 1:3, Мајнц – Вердер Бремен 0:1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот