ВИДЕО | Леброн гази и на 41 година, погоди тројка на 13 секунди пред крај и ги водеше Лејкерси до нова победа
Леброн Џејмс повторно блесна кога беше најпотребно и ги однесе Лејкерси до нов триумф над Хјустон од 112-108, со што неговиот тим стигна до убедливо водство од 3-0 во серијата од првата плеј-оф рунда.
Препорачано
Искусниот кошаркар натпреварот го заврши со дабл-дабл од 29 поени и 13 скока, дополнети со шест асистенции, минувајќи повеќе од 45 минути на теренот. Во драматичната завршница, Џејмс погоди тројка на само 13 секунди до крајот за израмнување и избори продолжение, каде што Лејкерси покажаа повеќе смиреност и квалитет.
Силна поддршка доби од Руи Хачимура со 22 поени, како и од Маркус Смарт кој додаде 21. Кај Хјустон, одлична партија запиша Алперен Шенѓун со 33 поени и 16 скока, додека Амен Томпсон забележа дабл-дабл од 26 поени и 11 скока, но тоа не беше доволно за победа.
Вреди да се напомене дека Лејкерси и понатаму настапуваат без Лука Дончиќ и Остин Ривс, додека кај Хјустон повторно отсуствуваше Кевин Дурент.
Во останатите натпревари, Сан Антонио славеше на гости кај Портланд со 120-108 и намали на 2-1 во серијата, а ист резултат во серијата обезбеди и Бостон по победата над Филаделфија од 108-100 на гостински терен.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
4мин
-
13мин
-
26мин
-
34мин
-
34мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


