ВИДЕО | Лавров се вџашил од тоалетите во Шведска: „Не ми се веруваше, тоа е нехумано“

Фото: Твитер/принтскрин

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров предизвика многу реакции на социјалните мрежи, откако денеска беше објавена снимка на која тој објаснува колку бил шокиран од родово неутралните тоалети што ги видел во Шведска, во кои нема поделба на машки и женски тоалет.

Лавров на дипломатска средба во Москва раскажа за своето искуство од ланскиот состанок на ОБСЕ, кој се одржа во Шведска.

Пред почетокот на средбата, шефот на руската дипломатија прашал за тоалетот, а се вџашил кога му ја покажале вратата на која пишувало само „тоалет“, без вообичаените знаци за машки или женски дел.

Лавров вели дека кога прашал дали тоалетот е машки или женски, домаќините му кажале дека е заеднички.

„Не можев да верувам, но така се случи. Не знаете колку е тоа нечовечки, навистина нехумано“, рече Лавров.

Заедничките, родово неутрални тоалети постојат во Шведска и во многу други земји, но се ретки, а повеќето јавни тоалети и натаму се поделени на „класичниот“ начин – на машки и женски. Пропонентите на „унисекс-тоалетите“ велат дека дизајнот на една просторија за сите, со целосно затворени, одделни кабини, се покажал како најевтин и најпрактичен при изградбата на јавните тоалети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот