ВИДЕО: Лаутаро и Тирам го урнаа Лацио на Олимпико, Интер на „плус четири“ од Јувентус

Славјето на фудбалерите на Интер на „Олимпико“ во Рим/фото: EPA-EFE/RICCARDO ANTIMIANI

Во 16 коло од Серија А на стадионот „Олимпико“ во Рим екипата на Интер со 2:0 го совлада Лацио.

По првото полувреме гостите водеа со голот на Лаутаро Мартинез во 40 минута, а во 66 минута позитивата ја зголеми Тирам по асистенцијата на Барела.

По ремито на Јувентус на гостувањето кај Џенова (1:1), сега миланските „нераѕури“ имаат четири бодови предност во однос на „Старата дама“.

Лацио го претрпе седмиот пораз сезонава во италијанскиот шампион и е на 11 позиција со 21 бод.

Во неделата се одиграа уште четири мечеви: Милан – Монца 3:0, Фиорентина – Верона 1:0, Удинезе – Сасуоло 2:2 и Болоња – Рома 2:0.

ВИДЕО: Србинот Јан-Карло Симиќ влезе во историјата на Милан

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот