ВИДЕО | Ласовска: ВМРО – ДПМНЕ не е кочничар, државниот систем е колабиран

Вчера пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ гласаше за законот на тутунот и со тоа ги демантиравме гласините дека ние сме кочничарот во Собранието по однос на законите кои се носат за доброто на граѓаните, вели пратеничката Благица Ласовска во интервју за Утрински Брифинг на Слободна ТВ.

-А по однос на законите кои се само на штета како задолжување на државата нашиот став е јасен нема да правиме кворум за гласање но ние како најголема пратеничка група секојдневно сме тука, комисиите работат непречено, поднесуваме амандмани се со цел законските решенија да бидат подобри а граѓаните задоволни. Но ништо посебно не може да се направи во државата бидејќи системот е колабиран, и за тоа не може да кажете дека за тоа виновно е ВМРО – ДПМНЕ, вели за УБ пратеничката од редовите на ВМРО – ДПМНЕ, Благица Ласовска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот