Фото: EPA/Lorenzo Cattani

ВИДЕО | Лацио закажа полуфинале против Аталанта во Купот на Италија

Фудбалерите на Лацио се пласираа за полуфиналето на Купот на Италија, каде што ќе се соочат со Аталанта. Римските „небесно-сини“ успеаја да ја елиминираат Болоња на пенали. По 90 минути резултатот беше 1:1, а Лацио победи со 4:1 по ударите од белата точка.

Болоња поведе по половина час игра, Сантијаго Кастро стрелаше за водство по асистенцијата на Моро.

Лацио израмни три минути по почетокот на вториот дел, Нослин се погрижи за израмнување, по асистенцијата на Деле-Баширу.

Во пенал серијата сите беа прецизни во редовите на Лацио: Таварес, Диа, Марушиќ и Тејлор, а кај Болоња патот до мрежата не го пронајдоа Фергусон и Орсолини, единствено гол запиша Далинга.

Во второто полуфинале во куп натпреварување, ќе се соочат екипите на Интер и Комо. Полуфиналните натпревари ќе се играат во периодите од 3-5 март и 21-23 април, додека финалето е закажано за 13 мај 2026 година на стадионот „Олимпико“ во Рим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот