ВИДЕО | Лабрадор кој обожава да јаде боровинки стана хит на социјалните мрежи

лабрадор
Лабрадор обожава боровинки / Фото: Принтскрин/Редит

Кучињата кои имаат сопственици обично јадат готова сува храна или готова конзервирана храна, а некои сопственици ги хранат своите кучиња со она што самите го јадат. Сепак, добро познат факт е дека многу кучиња ќе пробаат се што ќе најдат – а ова куче очигледно се воодушевил од вкусот на боровинки.

Видеото од лабрадор како јаде боровинки неодамна стана вирално на „Редит“. Неговиот сопственик на видеото напишал: „Моето куче е повеќе заинтересирано да јаде боровинки отколку да оди на прошетка“.

„Лабрадор, повеќе заинтересиран за храна отколку за вежбање“, „Сигурен сум дека лабрадорите се половина мечка“, „Потребни се тие боровинки за енергија за одење“, „Мојот доберман исто така обожаваше боровинки и капини“, се дел од коментарите под видеото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот