ВИДЕО | „Кучко, тргни се“: Гола активистка ѝ ја прекина најавата на Аврил на наградите Џуно

Фото: Скриншот/Јутјуб

Канадските музички награди Џуно беа доделени во понеделникот, а пејачката Аврил Лавињ беше добитничка на наградата за омилен изведувач на публиката, пишува „Би-би-си“.

Сепак, тоа што привлече вниманиетo беше активистката за заштита на животната средина, која се качи на сцената и протестираше топлес против новиот станбен план на владата на премиерот Џастин Трудо во Онтарио за изградба на домови на заштитено земјиште.


Имено, додека пејачката го најавуваше раперот Еј-пи Дилон, зад Лавињ се појави полугола жена која на грбот имаше испишано порака: „Спасете го зелениот појас“. Според реакциите на публиката, но и на самата пејачка, никому не му беше јасно како активистката успеала да се качи на сцената.

Како што пишуваат светските медиуми, Лавињ кратко ѝ рекла: „Кучко, тргни се“, а самиот инцидент го искоментира нешто подоцна, кога ѝ беше доделена наградата за омилен изведувач на публиката. „Овој пат никој ништо да не прави. Канаѓанката во мене ќе се разбуди и ќе ја истепам таа кучка“, се пошегува Лавињ кога ја прими статуетката.

Водителот на настанот, актерот Симу Лиу го заврши доделувањето на наградите со кратко извинување; „Простете за градите“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот