ВИДЕО | Криза е, но од здравството не смее да се крати: Буџетот на Националната програма за превенција од ХИВ е 40 отсто помал

Хајди Штерјова Симоновиќ и Борче Божинов / Утрински брифинг

По одлуката на Министерството за здравство за кратење на буџетот за Националната програма за превенција од ХИВ за 40 отсто, за оние 14 здруженија кои се занимаваат со оваа проблематика е сериозен проблем за понатамошното работење, но и за здравствената состојба во државата.

-Овој процент од 40 отсто е премногу и сериозно ќе се одрази на сите услуги што моеме да ги овозможиме. Ние бараме итна средба со премиерот за да ги слушне нашите конкретни барања што се однесуваат на зголемување на буџетите. Сумата од 46,5 милиони денари си стои како таква е објавена во Службен весник, она што е скратено е скратено со арбитрарна одлука, без консултација од страна на Министерството за здравство. Сумата е скратена за 19 милиони денари. За програмата за луѓето што живеат со ХИВ средствата се скратени за 70 отсто, вели Хајди Штерјова Симоновиќ од ХОБС за Утрински брифинг.

Борче Божинов од Здружение за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ Стар-стар вели дека 10 илјади раѓани се тргнати од системот на социјална заштита.

-Ние како организации сме линк за враќање на овие луѓе во системот, а кои изгубиле верба во здравствениот систем. Ако нашите здруженија опфаќаат 10.000 луѓе и имале ресурси за тоа, сега ќе можеме да опфатиме само 6.000. Ние не смееме да дозволиме само да исчезнат нашите досегашни резултати. Веќе почнавме да ги губиме овие луѓе од системот. Оваа програма опфаќа превенција, но и социјална поддршка, вели Божинов во име на 14 граѓански здруженија кои се занимаваат со оваа пробематика.

Свесни сме за кризите што се случуваат и дека државата мора да ги намали штетите што произлегуваат од овие кризи. Но, здравството не смее да биде секторот од кој се крати, тоа треба да биде последната сфера од која може да се врши кратење на средствата појаснува Божинов.

-ХИВ превенција не е само едукација и дисперзија на печатени материјали туку исполнуваме глобални обврски. Приближно 16 отсто од популацијата во земјата треба да биде свесна за својот ХИВ статус. Статистиката вели дека 36 отсто одлуѓето од Македонија не се свесни за својот ХИВ статус. Најголем број нови случаи на ХИВ се откриваат од здруженијата затоа што обезбедуваат анонимност и доверливост, вели Божинов.

Откако постоиме и ги вршиме овие тестирања ниту еден сексуален работник не излегол позитивен, а од редот на корисници на дрога можеби има само десетина, вели Штерјова Симоновиќ.

Проследете го целиот разговор во видеото

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот