ВИДЕО: Крај за Тотенхем, Ристовски и Адеми во четвртфиналето на Лига Европа!

Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Се дознаа вечерва првите патници во четвртфиналето на Лига Европа, тие се Арсенал, Динамо Загреб, Гранада и Рома. И покрај триумфот на првиот натпревар од осминафиналето со 2:0, Тотенхем не успеа предноста да ја задржи и на „Максимир“ стадионот во Загреб доживеа елиминација.

Динамо Загреб после продолженијата триумфираше со 3:0, во регуларните 90 минути резултатот беше 2:0. Херој на „модрите“ беше Мислав Оршиќ кој постигна хет-трик, со голови во 62, 83 и 106 минута од мечот.

Стартери кај домаќините беа македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски, овој вториот настапи до 90 минута кога беше заменет од Петар Стојановиќ.

Арсенал на својот „Емирати“ изненадувачки загуби со 0:1 од Олимпијакос, но благодарение на победата од 3:1 на првиот дуел, „топџиите“ ќе играат во четвртфиналната фаза. Грците дојдоа до утешна победа со погодокот на мароканскиот интернационалец Ел Араби во 51 минута од средбата во Лондон. Гостите беа и со играч помалку поради црвениот картон на Ба (82`).

Молде дојде до победа од 2:1 против Гранада, но Шпанците благодарение на триумфот во првиот натпревар од 2:0 ја надминаа и оваа пречка. Норвежаните дојдоа во водство после автоголот на Ваљехо (29`), Солдадо израмни во 72 минута, а конечниот епилог го постави Хестад од пенал (90`).

Рома и на возвратната пресметка беше подобра од Шахтјор Доњецк, после оние 3:0 на првиот дуел, овојпат со 2:1 славеше на гостувањето во Украина. Мајорал на стартот од второто полувреме донесе позитива за римската „волчица“, Украинците се погрижија за егал во 59 минута преку Мораеш, а Мајорал запиша и втор погодок во 72 минута на „Олимпискиот“ стадион во Киев.


Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот