ВИДЕО | Крај на ера: Раул Кастро се повлекува од врвот на Комунистичката партија на Куба

Фото: EPA-EFE/ERNESTO MASTRASCUSA

Раул Кастро денеска соопшти дека се повлекува од политиката и од функцијата генерален секретар на Комунистичката партија на Куба, наведувајќи дека раководството на партијата ќе го предаде на помладата генерација, која, како што истакна, е „полна со страст и антиимперијалистички дух”.

Во својот говор на отворањето на четиридневниот конгрес, кој се одржува зад затворени врати, а чии извадоци беа објавени на телевизија, Кастро рече дека со задоволство го предава раководството на партијата на група соборци кои имаат повеќедецениско партиско искуство.

Тој истакна дека се повлекува со чувство дека „ја исполнил својата мисија и е уверен во иднината на татковината”.

Повлекувањето на Раул Кастро (89) претставува крај на шестдецениската ера во која Куба ја водеа тој или неговиот брат Фидел, а која почна во 1959 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот