ВИДЕО: Кошмарна ноќ за фаворитите во НБА

Мајами беше подобар од главниот фаворит за титулата, Бруклин нетс/ фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Минатогодинешните финалисти Милвоки бакс и Феникс санс како и фаворитите за трофејот оваа сезона, Бруклин нетс и ЛА Лејкерс се поразени во утринските натпревари во НБА лигата.

Шампионот Милвоки е поразен од Минесота со 113:108, а победата на „шумските волци“ ја завери Едвардс од линијата за слободни фрлања и тоа откако Милвоки успеа да ја надомести негативата од 15 поени која ја имаше на стартот од последната четвртина.

Најдобар кај Минесота беше Дианџело Расел со 29 поени, Карл-Ентони Таунс даде 25 поени, додека кај Милвоки Јанис Адетокумпо имаше дабл-дабл од 40 поени и 16 скокови, но не доби помош од соиграчите.

Сакраменто кингс со 110:107 го совлада Феникс санс и тоа благодарение на тројката со звукот на сирената на Харисон Барнс. Најефикасен кај „кралевите“ беше Бади Хилд со 26 поени, херојот Барн постигна 22 поени, додека Деарон Фокс даде 18 поени.

Мајами хит со 106:93 го совлада фаворитот за титулата, Бруклин нетс и тоа благодарение на подобрата игра во рекетот. „Жешките“ имаа 10 скокови повеќе од противникот како и повеќе поени од втора шанса (15:2) што се покажа како клучно за триумфот. Бем Адебајо беше најдобар кај Мајами со 24 поени и девет скокови, а блескаше и Џими Батлер со 17 поени и 14 скокови. Кај Бруклин прво име беше Кевин Дурент со 25 поени и 11 скокови.

Фаворитот во Западната конференција, ЛА Лејкерс го доживеа третиот пораз на стартот од сезоната и тоа од Оклахома сити 123:115.
На Лејкерси не им помогна ниту големата предност од 26 поени во првото полувреме (30:56).

Резултати:
Орландо – Шарлот 111:120
Бостон – Вашингтон 107:116
Бруклин – Мајами 93:106
Њу Орлеанс – Атланта 99:102
Торонто – Индијана 118:100
Милвоки – Минесота 108:113
Оклхома сити – ЛА Лејкерс 123:115
Феникс – Сакраменто 107:110
Портланд – Мемфис 116:96
ЛА Клиперс – Кливленд 79:92

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот