ВИДЕО | Кошаркар на Лејкерс уапсен како најголем криминалец, го опколиле над 20 полициски возила

Фото: Screenshot_

29-годишниот НБА кошаркар од редовите на Лејкерс, Денис Шрудер по синоќешниот меч во кој неговиот тим славеше со 113:104 против Сан Антонио се соочил со непријатна ситуација.

Имено, Шурдер бил запрен и опколен од 20-тина полициски возила, а набрзо полицајците му ставиле и лисици на рацете. Полицијата се сомневала дека неговото возило било украдено.

Медиумите пишуваат дека веднаш штом бил запрен, Шрудер се јавил кај неговата девојка да дојде и да го снима случајот за да има докази ако му се случи нешто непредвидливо. Шрудер во возилото бил со негов пријател, кој возел.

„Не знаев што се случува. Бев опколен од 20-30 полициски автомобили. Како да апcaт некој голем криминалец. Такво нешто претходно имав видено само на филм“, изјави Шрудер за новинарите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот