Фото: EPA/DAVIDE CASENTINI

ВИДЕО | Комо слави историски пласман во Лигата на шампионите

Турбулентниот исход од трката за Лигата на шампионите во последното коло од Серија А го донесе најголемиот победник – Комо оди во Лигата на шампионите.

Фудбалерите предводени од тренерот Сеск Фабрегас ја крунисаа фантастичната сезона со победа од 4:1 над Кремонезе на гости, патем исфрлајќи го денешниот ривал од лигата, но што е уште поважно – ја завршија сезоната на четвртото место и ќе играат во елитното европско клупско натпреварување следната сезона.

Иако беа меѓу фаворитите, Милан и Јувентус останаа без учество во ЛШ, па ќе мора да се задоволат со настап во Лигата на Европа.

Милан беше изненадувачки поразен дома од Каљари со 2:1, иако водеше со голот на Салејмејкерс. Пресврт на гостите го направија Борели и Родригез. Натпреварот помеѓу Торино и Јувентус започна со еден час доцнење поради немири на навивачите, гостите водеа на полувреме со голот на Душан Влаховиќ, но дури и да победеа, немаше да вреди – ги загубија и математичките шанси да обезбедат едно од четирите места.

Покрај Интер, Наполи и Комо, Италија следната сезона во најсилното натпреварување ќе ја претставува Рома, за која ова е враќање во ЛШ.

Фудбалерите на Џанпјер Гасперини славеа против претпоследниот тим на табелата, Верона, и тоа го направија рутински – славеа со 2:0 со головите на Дониел Мален и Стефан Ел Шарави. Тоа беше последниот гол за „фараонот“ во дресот на „волчицата“, откако неодамна го објави своето заминување по речиси една деценија во клубот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот