Фото: Screenshot/X

ВИДЕО | Комедија во Бразил: Натпревар беше прекинат затоа што теренот се наду

Неверојатна сцена ја одбележа средбата од 8. коло во бразилската женска фудбалска лига меѓу Флуминенсе и Микста, која мораше привремено да биде прекината откако среде натпреварот на теренот се појави огромна испакнатина. И покрај бизарниот прекин, натпреварот се доигра, а Флуминенсе на крајот славеше со 2:0.

Инцидентот се случи во неделата на стадионот Еурико Гаспар Дутра во Кујаба, само 50 секунди по почетокот на второто полувреме. При водство од 1:0 за Флуминенсе, фудбалерките забележаа како на тревникот се формира голема испакнатина.

Необичната појава веднаш го привлече вниманието и на играчките и на гледачите. Дел од фудбалерките од двата тима се обидоа со скокање врз испакнатиот дел да го вратат теренот во првобитна состојба, но безуспешно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот