Албанија глума/Screenshot

ВИДЕО | Комедија во Албанија: Фудбалер сакаше да одглуми повреда, па се посрамоти

Од фудбалските терени во Албанија ни пристигнува една комична сцена која се случи на натпрар од третата лига во оваа земја.

Имено, дуелот помеѓу екипите на Скрапари и Осум беше прекинат на десетина минути пред крајот и тоа откако еден фудбалер на гостите падна на тревата во моменти кога околу него немаше никој противнички фгудбалер во близина.

Судијата поради ваквата очигледна ситуација како што пишуваат албанските медиуми одлучил да го прекине натпреварот. Потегот кој беше снимен од навивачите брзо стана вирален на социјалните мрежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот