Фото: Принтскрин / Фејсбук

ВИДЕО | Колумбиецот Јанко ни го честиташе Божиќ на македонски јазик и ја испеа „Вечниот Бог“

Јанко Пенафорт, професионален музичар и пејач од Богота, Колумбија и вљубеник во нашата музика и култура, ги изненади православните верници во Македонија за големиот празник – Божиќ.

Јанко заедно со своите родители и со членовите на бендот „ВардарАнди“ упатија топла празнична порака за Божиќ и ја испеаја божиќната песна „Вечниот Бог“.

– Честито Рождество Христово! Нека ви донесе здравје, радост, мир и благосостојба во вашиот дом. Со оваа честитка ја споделуваме и песната „Вечниот Бог“. Со љубов – од Јанко, неговиот бенд и неговото семејство – напиша тој покрај објавата.

Видеото со прекрасната изведба на Јанко наиде на голем број позитивни реакции од неговите следбеници на социјалните мрежи.

ВИДЕО | Вљубен во македонскиот фолклор: Колумбиец ја отпеа „Македонско девојче“ и ги воодушеви Македонците

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот