ВИДЕО | Кирил Петков играше шах со дете за новогодишната ноќ: Целта е да се зачуваат талентите на Бугарија

Бугарскиот премиер ја честита новата година, играјќи партија шах со дете генијалец/Фото: Скриншот

Бугарскиот премиер Кирил Петков на необичен начин ги испрати своите желби за Новата 2022 Година, играјќи партија шах со едно од најталентираните деца во Бугарија.

Заедно со 10-годишниот Данаил Попзафиров, кој е вицешампион во европски шах за деца, одиграа партија шах, јави дописникот на МИА од Софија.

Петков истакна дека луѓето како Данаил даваат надеж дека Бугарија може да биде многу поуспешна. Тој посочи дека една од целите на бугарската Влада за 2022 година е да ги зачува бугарските таленти, да им даде можност да се развиваат и да ја прослават земјата со своите победи, повикувајќи на „заедничка работа за подобра Бугарија”.

Данаил во разговор со бугарскиот премиер изјави дека негов сон е да биде најдобар шахист во светот и да стане велемајстор.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот