ВИДЕО: Кинеските космонаути направија шестчасовна „вселенска прошетка“

Кина на 16 октомври го лансираше вселенското летало Шенжу-13 со тројца астронаути / Фото: Принтскрин - Јутјуб

Двајца кинески космонаути денеска ја завршија вселенската прошетка пред модулот на вселенска станица која е во изградба , а 41-годишната Ванг Јапинг стана првата жена од Кина која го изведе тој маневар, објавија кинеските државни медиуми.

Принтскрин / Јутјуб

Космонаутот Жаи Џиганг, командант на мисијата Шенџоу-13, го отвори излезот на главната кабина на Тианхе вчера во 18:51 часот, а му се придружи и Ванг во вселенската прошетка која траеше шест и пол часа.

Ова беше трета мисија надвор од возилото спроведена за време на изградбата на кинеската вселенска станица и прва од екипажот Шенжу-13.

Принтскрин / Јутјуб

Мисијата ги тестираше функциите на новата генерација вселенски одела скафандери развиени од Кина, координацијата меѓу космонаутите и механичката рака, како и доверливоста и безбедноста на придружната опрема, објавија Кинеските медиуми.

Кина на 16 октомври го лансираше вселенското летало Шенжу-13 со тројца астронаути, а целта на шестмесечната мисија беше изградба на вселенска станица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот