ВИДЕО | Кицев: Колективниот договор е европски – ги задржуваме сите права досега, плус добивме и нови права

Маријан Кицев, полициски синдикат / Утрински брифинг
Маријан Кицев, полициски синдикат / Утрински брифинг

-Прво што треба да потенцираме е дека го задржавме истиот буџет од минатата година. И покрај сите тешки моменти и кризни ситуации МВР успеа да го задржи буџетот од 10 милијарди и 410 милиони денари, изјави за Утрински брифинг, Маријан Кицев, претседател на македонскиот полициски синдикат.

-Секој може да коментира што сака, ни екако македонски полициски синдикат сме задоволни од постигнатото, но сепак никогаш не е доцна и никогаш не е крај. Разговорите со МВР продолжува, со министерот сме секојдневно во контакт.

-За овој краток период задоволни се колегите со овие 5%, сепак тие бараат поголемо покачување, но ние не застануваме тука. Ова е едно од усогласувањата – следуваат уште 5%. Ќе треба да видимиме догодина со ребаланс на буџет или наредната 2023 ќе ги добиеме тие 5%, вели Кицев.

-Во новиот буџет се влезени парични средства за исплата на бонус платата. Сите тужби беа насочени во тој дел. Колегите кои што рљаботат повеќе од 150 работни часови прекувремени во текот на годината им следува по Закон за работни односи бонус плата, додаде Кицев.

Погледнете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот