ВИДЕО | Кежаровски: Прочистувањето на судството не смее да биде само „мачкање очи“ какво што е разрешувањето на Михајлова

-Секаде каде што сум настапувал каде се дискутира за судство, каде се присутни правници, кога ќе го прочитам образложението за моето притворање не им е јасно, никаде не најдовме во учебник по право во светот, да пишува дека на некој може да му се определи мерка притвор, бидејќи во извесен период сменил неколку телефонски броеви и од тие причини доколку го пуштат да се брани од слобода ќе биде недостапен на органите на прогонот. Значи се добива впечаток дека сите кои треба да се појават пред истражен судија ги викаат по телефон, изјави во Утрински брифинг новинарот Томислам Кежаровски, обајснувајќи ги судските апсурди, конкретно во неговиот личен случај.

-Она што се однесува до разрешувањето на Татјана Михајлова како судијка заради злоупотреба на АКМИС системот како в.д претседател на Кривичниот суд, сметам дека е малку задоцнето. Неопходно е одговорност и разрешување на судиите кои ја поткопуваат судската независност и во теорија и во практика. Според она што можам да го прочитам Михајлова не е разрешена заради нестручно и несовесно работење како истражен судија во сите монтирани процеси и да бидам брутално искрен како еден голем послушник и егзекутор во времето на Груевски. Таа е разрешена од причина што предметите рачно ги распределувала заобиколувајќи го АКМИС системот. Она што сакам да го споменам е дека без одговорност за злоупотреба на службената должност, разрешувањето не е нешто кој знае што во овој случај. Се добива впечаток дека ова е само, народски кажано, „мачкање очи“, изјави во Утрински брифинг новинарот Томислав Кежаровски.

-Прочистувањето на судството треба да почне прво во Републичкиот судски совет и Врховниот суд, за да биде објективно и успешно. Но еве тоа ќе го оставам на надлежните кои треба да спроведуваат судски реформи, смета Кежаровски.

Целиот разговор со Томислав Кежаровски погледнете го во видеото:

Разрешена е судијката Татјана Михајлова

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот