Разрешена е судијката Татјана Михајлова

Судскиот совет денеска поради нестручно работење ја разреши судијката Татјана Михајлова, дознава „Слободен печат“.

Официјално од Судскиот совет не го соопштија името на судијката. Претседателот на Советот Киро Здравев изјави дека судијката е сменета поради нестручно работење и злоупотреба на АКМИС системот.

Михајлова е позната како судијка која забрани доказите да се користат како докази во постапките на СЈО, а беше главна судијка во „Шамарите во Центар“.

Таа своевремено со по 2.000 евра ги казни обвинителките Катица Јанева и Фатиме Фетаи. Михајлова е судијката која му пресуди и на новинарот Томислав Кежаровски кој беше обвинет во предметот наречен „Ликвидација“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот