ВИДЕО | Кејт Мидлтон: Едвај чекам да ја запознам Лилибет Дијана
Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, денес изјави дека едвај чека да се сретне со ќерката на принцот Хари и Меган Маркл – Лилибет Дијана.
Препорачано
Војвотката од Кембриџ денес го посети основното училиште во Корнвол со првата дама на Америка, Џил Бајден.
Медиумите едвај добија коментари од членовите на кралското семејство, со оглед на тензиите што постојат меѓу Хари и неговите роднини.
Кејт Мидлтон изјави дека на малата Лили и посакува сè најдобро во животот и изрази желба да го види бебето наскоро.
„Сè уште не сме ја запознале. Се надевам дека тоа ќе се случи наскоро“, изјавила Кејт за медиумите.
Ова беше нејзино прво појавување по раѓањето на Лилибет Дијана, ќерката на принцот Хари и неговата сопруга Меган. Лилибет е родена во петокот на 4 јуни и го доби името по кралицата Елизабета и нејзината баба, покојната принцеза Дијана.
Лилибет е прекар на кралицата од нејзиното детство, а во последните неколку дена јавноста се расправаше за одлуката на Хари и Меган да ја именуваат својата ќерка по кралицата. Како и секогаш, некои ги осудија, додека други ги бранеа.
Принцот Хари објави дека кралицата е првата личност што ја поканил по раѓањето на неговата ќерка, како и дека таа дала согласност бебето да се вика Лилибет Дијана.


