ВИДЕО | Каролина Гочева ја промовираше својата нова песна: „Идила“ ќе ве разнежни и освои од прва!

Instagram
Instagram

Пред помалку од една недела нашата позната пејачка Каролина Гочева ни најави нова песна, која беше пријатно изненадување како за нејзините бројни фанови така и за целата македонска јавност.

Изминатиов пандемински период пејачката работела напорно и карантините ги искористила како инспирација за создавање нешто ново. Иако е позната по тоа што приватниот живот го чува далеку од очите на јавноста, сепак, понекогаш знае да нè изненади со по некоја објава на социјалните мрежи.

Денес, на својот официјален јутјуб-канал Гочева ја промовираше својата нова песна со наслов „Идила“, а позитивните реакциите од нејзината верна публика на социјалните мрежи се нижеа една по друга.

На својот инстаграм -профил пејачката напиша:

Веќе може да ја чуете „Идила“ заедно со Дуке Бојаџиев и Исмаил Лумановски на мојот јутјуб-канал. Се надевам ќе ви се допадне, стои во објавата на Каролина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот