ВИДЕО | Карлос Сантана се онесвестил и колабирал за време на настап: Фановите загрижени

Фото: Принтскрин - Инстаграм/Јутјуб

Легендарниот гитарист Карлос Сантана (74) се онесвестил и колабирал за време на свој настап во градот Кларксон, во државата Мичиген во САД, пренесува BBC News.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Carlos Santana (@carlossantana)


На социјалните мрежи веднаш почна да кружи кратко видео од концертот, кој бил прекинат откако му се влошила здравствената состојба на гитаристот.


Добрата вест е што гитаристот откако ја добил потребната медицинска помош и добил малку сила ги поздравил обожавателите со мафтање на раката додека медицинскиот тим го изнесувал од сцената.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Carlos Santana (@carlossantana)


Сè уште нема официјални информации што се случило со Сантана, но медиумите потсетуваат дека минатата година гитаристот имаше операција на срцето, поради што беа откажани сите настапи во декември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот