ВИДЕО | Капуцинери: Динамична, весела машка дружина – примати кои се во голема опасност од изумирање

Капуцинери/Фото Драган Митрески

Кое е вашето омилено животно од Зоолошката градина – Скопје? Дали знаете како се вика, колку години има, од која земја потекнува и кога за првпат бил донесен тој вид, таа единка кај нас? Нашата Зоолошка постои од 1926 година и низ годините се развивала просторно, а растел и бројот на животните. Денес при посетата на Зоолошката градина можете да се запознаете со стотици разновидни единки, а секоја од нив крие посебна судбина.
„Слободен печат“, низ овој серијал, кој го нарековме „Лична карта на жителите на ЗОО Скопје“, ќе се обиде да ви ги доближи нивните приказни, нивните карактери и чувства. Ќе се обидеме да ви овозможиме да дознаете што јадат и која е нивната омилена храна, ќе дознаете нешто ново и забавно, поврзано со омилените сожители во главниот град.

Капуцинери/Фото Драган Митрески

Во Скопската зоолошка градина пред четири години пристигнаа осум мајмуни капуцинери, сите машки. Овој вид мајмуни се карактеристични по своето динамично однесување.

Капуцинери/Фото Драган Митрески

Најмалиот, Паоло, има шест години, а останатите се до 12-годишна возраст. Во Скопје доаѓаат од германската зоолошка градина. За нив е адаптирано живеалиште согласно условите и препораките направено по светски стандарди.

Капуцинери/Фото Драган Митрески

Кога пристигнавнме, се приближија кон нас, но на дистанца, се чини како да имаше рампа пред нив и постојано доаѓаа само до тоа место, ни чекор поблизу до нас. Тие се по природа љубопитни, но во исто време и плашливи и претпазливи.

Капуцинери/Фото Драган Митрески

Овој примат е во голема опасност од изумирање бидејќи се уништува неговото природно живеалиште и зоолошките градини имаат клучна улога во продолжување на видот.

Капуцинери/Фото Драган Митрески

Погледнете го во продолжение целото видео за Паоло, Себастијан, Јоан и останатата весела дружина:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот