Фото: Принтскрин / Инстаграм

ВИДЕО | Калиопи со емотивна објава се присети на нашиот Тоше Проески: „Откако си замина го обои октомври во најтажните бои“

Македонија веќе 18 години на овој октомвриски ден тагува по нашиот пејач Тоше Проески, кој прерано си замина од овој свет.

Неговите колеги, пријатели, соработници, но и обожаватели на социјалните мрежи и оваа година се присетија на моментите кои ги поминале со пејачот со ангелски глас.

Меѓу нив е и нашата музичка дива Калиопи која во емотивна објава на нејзиниот инстаграм-профил сподели видео со компилација од фотографии со Тоше.

„Откако си замина го обои октомври во најтажните бои… Тоше…“, напиша пејачката покрај видеото.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kaliopi (@kaliopi_official)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот