ВИДЕО | Калиопи: Јас сум медицински феномен, кога останав без глас и ме оперираа го открија тоа

Фото: Промо

Калиопи за себеси вели дека е медицински феномен, а тоа ѝ го кажал познат швајцарски лекар, кога во 1997 година во Базел во Швајцарија ги оперирала гласните жици. Многу интересни приказни од својот живот, Калиопи му откри на Жаре во емисијата „Еден на Еден“ која ќе ја гледаме в недела на ТВ „Канал 5“ од 18.30 часот. Калиопи со нејзиниот поранешен сопруг, сегашен продуцент и добар пријател, Ромео Грил, во тоа време живееше во Швајцарија.

– Во 1997 година, јас останувам без глас. Имав сериозен проблем којшто беше на психолошка база. Почнав да го губам гласот постепено. И голема среќа е што во тој период живеев во Швајцарија. Докторот кој е голем стручњак, оториноларинголог, се обидуваше два месеци да ми помогне со кортико терапија и со инхалации. И дојдов кај него на една контрола, вака ме погледна и ми рече: „Госпоѓо Грил, јас не можам да ве излечам, затоа што не можам да ја излечам вашата душа. Ние ќе мораме да направиме оперативен зафат“, така што завршив на операција. Тој го гледаше тоа задебелување на десната гласна жица, и се одлучи тоа да го реши со ласерска операција – раскажа Калиопи.

Кога се разбудила по операцијата, медицинската сестра ѝ рекла дека докторот сака да зборува со неа во неговиот кабинет и се изненадила кога ѝ кажал: „Госпоѓо, ние вашата операција ја снимавме, затоа што наидовме на еден феномен. Задебелувањето го саниравме, гласот ќе ви се врати, но вие имате двојна гласна жица. Мојата десна гласна жица е двојна. Јас сум феномен“, му рече Калиопи на Жаре низ насмевка.

Уште многу приказни кои досега не ги кажала, ќе слушнеме в недела на Канал 5, во првиот дел од гостувањето на Калиопи во „Еден на Еден“.

Во продолжение, погледнете кусо видео со најинтересните делови од разговорот со Калиопи:

(Комерцијален текст)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот