ВИДЕО: Како во најдобрите денови, хет-трик на Роналдо за 22 минути!

Фото: EPA-EFE/FABIO MURRU

Се одигра уште еден натпревар од 27 коло во најсилното италијанско првенство составот на Јувентус со 1:3 триумфираше над Каљари.

Уште во првото полувреме „Старата дама“ го обезбеди триумфот со новата феноменална партија на Кристијано Роналдо.

Португалецот за период од 22 минути успеа да комплетира хет-трик, првиот гол беше постигнат во 10 минута, вториот од пенал во 25 минута, а третиот во 32 минута.

Исто така интересен е и податокот кој вели дека Роналдо постигнал на секој стадион во Серија А (18) на кој настапил.

За домаќините единствениот погодок беше дело на Симеоне во 61 минута по додавањето на Запа. Јуве е на третата позиција во генералниот пласман со 55 бодови, 10 помалку од водечкиот Интер. Каљари ја продолжува борбата за опстанок, се наоѓа на 17 место со 22 бодови.

ВИДЕО: Интер мириса Скудето, Мартинез им пресуди на „биковите“ од Торино!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот