ВИДЕО: Интер мириса Скудето, Мартинез им пресуди на „биковите“ од Торино!

Фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

„Неро-аѕурите“ чекорат кон шампионската титула и со денешните три бода против Торино (1:2) на гостински терен сигурно го одржуваат врвот во Серија А.

Сите голови беа реализирани во второто полувреме, најпрвин од пенал за водство на Интер прецизен беше Лукаку во 62 минута.

Осум минути подоцна домаќините успеаја да израмнат преку Санабриа, а конечниот епилог го постави Мартинез реализирајќи со глава во 85 минута после асистенцијата на Санчез.

На табелата Интер предводен од тренерот Антонио Конте води во шампионатот на Италија со 65 бодови, девет повеќе од второпласираниот Милан.

Денеска во истата лигашка рунда Болоња со 3:1 триумфираше над Сампдорија, а Парма дома ја изненади Рома (2:0).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот