ВИДЕО | Како се прави лажен ориз за сите што сакаат да ги избегнат јаглехидратите

Фото: Unsplash

Ако сакате да ја подобрите исхраната и да го намалите внесот на јаглехидрати, оризот од карфиол може да биде одлична замена за класичните житарки. Овој здрав и вкусен прилог се подготвува така што ситно се ренда свеж карфиол, со што се создаваат зрна што личат на ориз.

Овој вид ориз за првпат се појавил во 1998 година во Калифорнија под името кус-кус од карфиол, а му се припишува на готвачот Бен Форд. Терминот ориз од карфиол почнал да се користи на интернет дури околу 2012 година. Оттогаш, оваа намирница доживеа огромен пораст на популарноста поради нејзините здравствени придобивки и едноставната подготовка.

Како да се подготви ориз од карфиол?

Постојат две техники за подготовка на ориз од карфиол. За да ги иситнете карфиолот на парченца ориз, можете да користите ренде за сирење со средна големина или процесор за храна опремен со сечило за ренде. Со двете техники, ќе добиете парченца со големина на зрно ориз.

Уште еден чекор што ќе придонесе за квалитетот на финалниот производ е исцедувањето на вишокот течност од карфиолот. Ова се прави со префрлање на ренданите парчиња на голема хартиена крпа и стискање за да се отстрани преостанатата вода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот