ВИДЕО | Како изгледаат градовите во јужна Турција пред и по земјотресот

Фото Твитер Принтскрин

Драматична е ситуацијата која се разви во провинциите во јужна Турција и Сирија кои беа погодени од разорниот земјотрес од 7,8 степени како и од силниот последователен потрес од 7,5 степени кој следеше неколку часа подоцна.

Урнатини сѐ уште има насекаде, а голем број луѓе се верува дека уште се заробени под нив.

Сателитските снимки објавени од „Максар Технолоџис“ од различни градови направени пред и по силниот земјотрес што ја погоди јужна Турција во близина на сириската граница на 6 февруари, го покажуваат размерот на разурнувањата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот