„Каде е таа?“: Џони Деп ѝ го разубави животот на една Србинка која не престана да плаче

Холивудската ѕвезда Џони Деп престојува 24 часа во Белград, а неговите обожаватели од Србија се пресреќни и го следат секој негов чекор.

Каде и да се појави, армија обожаватели воодушевено го извикуваат неговото име и сакаат да се фотографираат со Деп.

Истото се случувало и синоќа пред да оди на вечера, кога бројни фанови го пречекале, пишува српски „Блиц“.

Пред да влезе на вечерата, тој се фотографирал со фановите и делел автограми. Во еден момент, една госпоѓа му пришла и побарала автограм за нејзината ќерка.

– Ве молам, за мојата ќерка, таа е тука – му рекла на актерот.

„Каде е таа?“, прашал Деп, а потоа му пришла девојката.

Актерот ја прашал како се вика, на што таа одговорила дека се вика Нина и почнала да плаче од среќа.

Деп се фотографирал со Нина, ѝ дал автограм и ја прегрнал, а нејзината мајка постојано се обидувала да ја смири.

„Не плачи повеќе“, мајката ѝ рекла на ќерката, која била преплавена од возбуда и емоции поради тоа што го запознала својот омилен актер.

Инаку, Џони Деп е дојден во Србија за да промовира анимиран филм направен во српска копродукција, со финансиска поддршка од Владата на Србија и Министерството за култура.

Актерот беше и почесен гостин во кабинетот на претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Во таа прилика, Вучиќ доби подарок од холивудската ѕвезда и се пофали на својот инстаграм–профил.

Имено, Деп му подари фигура на птица облечена како пират, асоцијација на неговата улога како Џек Спероу во хит-филмот „Пиратите од Карибите“.

Но, и Вучиќ не остана „должен“. Тој на Денот на државноста на Република Србија, ќе го одликува Џони Деп со Орденот за заслуги на свечена церемонија која ќе се одржи на 15 февруари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот