ВИДЕО: Никогаш вака не ми се дотерале соработничките, вели Вучиќ по средбата со актерот Џони Деп

Српскиот претседател Вучиќ на средбата со холивудскиот актер Џони Деп / фото: Инстаграм

„Никогаш моите соработнички вака не се дотерале, јас мислев дека е поради мене, кога тоа…“ – вака српскиот претседател ја опиша атмосферата на денешната средба со прославениот холивудски актер Џони Деп, кој е во посета на Србија.

Вучиќ на Инстаграм се пофали и дека на подарок од Деп добил фигура на птица облечена како пират – асоцијација на неговата улога како Џек Спероу во хитот „Пиратите од Карибите“.

Џони Деп е дојден во Србија за да промовира анимиран филм направен во српска копродукција, со финансиска поддршка од Владата на Србија и Министерството за култура.

Како што соопшти кабинетот на Вучиќ, за почитта што ја покажува кон Србија, како и за бројните проекти во кои се вработени голем број млади луѓе во Србија, претседаетлот ќе го одликува Џони Деп на свечена церемонија на Денот на државноста на Република Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот