ВИДЕО | Jувентус ја победи Болоња и направи голем чекор кон Лигата на шампионите
Фудбалерите на Јувентус славеа сигурна победа од 2:0 против Болоња во Торино, во рамките на 33. коло од италијанската Серија А. Избраниците на Лучано Спалети ја продолжија серијата од речиси два месеца без пораз и стигнаа до трета последователна победа без примен гол.
Препорачано
Гостите можеби имаа алиби во згуснатиот распоред и европските обврски, но избраниците на Винченцо Италијано денеска не беа ни блиску до бод.
„Старата дама“ поведе уште во втората минута, одличниот центаршут на Калулу од десната страна го искористи Џонатан Дејвид, кој со глава ја затресе мрежата на немоќниот Раваља.
Првото полувреме помина во целосна контрола на домаќините, кои по водството продолжија да се закануваат преку Консеисао и Холм. Таквиот пристап беше награден на стартот од вториот дел, Турам се погрижи за втор гол и го постави конечниот резултат во 57-та минута.
Тимот од Торино сега е четврти на табелата со 63 бода со пет бода предност во однос на Рома и Комо, додека Болоња се наоѓа на осмото место со 48 освоени бодови.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
1час
-
2час
-
2час
-
3час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


